Меџити најави дека на 9 мај на конгрес Вреди ќе стане партија

Меџити посочи дека изборот на датумот, 9 Мај, Денот на Европа, има симболично значење и ја одразува определбата на коалицијата кон европските вредности и интегративните процеси.

Новата партија ќе биде позиционирана како десничарска партија и ќе функционира со модел на заедничко раководење, со двајца копретседатели – Билал Касами и Изет Меџити. „Идеолошки ќе бидеме ориентирани центар-десно. Сега се работи на операционализирање на новата платформа“, рече Меџити.

Во однос на најавената реконструкција во Владата, Меџити рече дека нема информации за тоа кои министри ќе бидат опфатени.

INFO MAK