Во Итната медицинска служба во Кавадарци биле пријавени неколку случаи на пациенти со симптоми на труење, за кои постои сомнеж дека се поврзани со консумирање заостанати велигденски јајца.
Меѓу нив, две жени на возраст од 62 и 56 години побарале лекарска интервенција. Според информациите од службата, едната од пациентките била хоспитализирана и задржана на понатамошно лекување, додека другата по неколкучасовен медицински надзор самата инсистирала да биде пуштена дома, откако изјавила дека нејзината состојба се подобрила.
Во текот на дежурствата биле забележани и други полесни случаи на граѓани со слични тегоби. Како што наведува медицинскиот персонал, пациентите пријавиле дека претходно консумирале храна останата од празничните денови, најчесто велигденски јајца.
Лекарите упатуваат апел до јавноста да биде особено внимателна со складирањето и употребата на преостаната празнична храна, нагласувајќи дека неправилното чување може да доведе до сериозни дигестивни проблеми и труења.
…