Бредли Купер не штеди пари за 20 години помладата убавица: „Мојот човек“

Џиџи Хадид и актерот Бредли Купер се заедно од 2023 година, а својата врска ја чуваат во строга тајна. Минатата година беше објавено дека славната двојка планира свадба во 2026 година, и дека, според извор, Бредли веќе ја побарал раката од мајката на Џиџи, Јоланда Хадид.

View this post on Instagram

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Многумина го опишаа овој потег како потег на вистински господин, а за да биде работата поинтересна, Бредли не престанува да ѝ приредува изненадувања на својата сакана.

Имено, славната убавица неодамна го прослави својот 31-ви роденден, а во таа пригода се пофали на социјалните мрежи со подарокот што го доби од своето момче. Како што можете да видите, 51-годишниот актер ѝ подари на својата девојка луксузен букет цвеќе, кој, судејќи според описот на фотографијата, беше вистински хит.

„Мој човеку, нема што“, напиша Џиџи покрај фотографијата.

INFO MAK