Умерен интензитет на сообраќајот низ земјава, без застои на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта низ земјата се одвива без застои и пречки, низ суви коловози, а протокот на возила надвор од урбаните средини е умерен.

Од Автомотосојузот на Македонија информираат дека на граничните премини нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата.

Сепак, возачите се повикуваат на зголемена внимателност и прилагодување на брзината според условите на патот, како и строго почитување на сообраќајната сигнализација.

Посебна претпазливост се препорачува на патните правци што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои ризик од појава на одрони. Ова особено важи за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани, кад

INFO MAK