Пејачката Милица Тодоровиќ успеала да изгуби дури 15 килограми пред породувањето, а во една прилика открила дека во тој период решила и здравствен проблем за кој не ни знаела дека го има.
Таа дознала дека има инсулинска резистенција, а проблемот го решила со целосна промена на животните навики. Тодоровиќ отворено зборувала за својата борба со килограмите, истакнувајќи дека претходно често била на диети кои не давале долгорочни резултати.
„Јас сето тоа го нарекувам нова ера на Милица Тодоровиќ, а тоа подразбира сè… Не се магии, едноставно имав голема инсулинска резистенција, тоа беше здравствен проблем за кој не знаев“, изјавила таа во емисијата „Амиџи шоу“.
Милица признала дека со години се борела – губела килограми, па повторно ги враќала, а голема улога во сето тоа имал и стресот. Дури кога го решила здравствениот проблем, успеала да направи трајна промена и да ослабе 15 килограми, чувствувајќи се подобро и поздраво.
Таа истакнала дека е голем гурман, но дека никогаш не се доживувала себеси како „буцка“.
„Сите знаеме како се слабее, но најчесто не го применуваме тоа. Уживам во храната и многу сакам да јадам! И кога се здебелив, тие неколку килограми вишок ми пречеа. Но не се доживував како буцка. Сепак, бев свесна дека тоа што го правам не е добро за здравјето, особено затоа што мојата исхрана најчесто беше пржена, мрсна и слатка“, искрено рекла пејачката.
Наместо строги забрани, Милица вовела јасни правила и дисциплина. Покрај тоа што пиела многу вода и зелен чај, нејзиниот дневен мени кој дал резултати бил:
Појадок: овесни снегулки прелиени со вода и овошје
Ручек: месо и салата