ТФТ и Пелистер во битка за бронзата

ТФТ и Пелистер не успеаја да стигнат до финалето. Тимот од Тафталиџе беше елиминиран од чудото Маџари со 2-0, додека пак битолчани беа блиску до посакуваната битка за титулата, но во „мајсторката“ беа убедливо поразени од МЗТ Скопје.

Двата тима денеска ја почнуваат битката за третото место, а таа стартува денеска со почеток во 12 часот во салата во скопската населба Маџари.

Серијата меѓу ТФТ и Пелистер се игра до две забележани победи, а вториот натпревар ќе биде одигран во „Боро Чурлевски“ во Битола.

The post ТФТ и Пелистер во битка за бронзата appeared first on sportsport.mk.

INFO MAK