Влен прашува дали студентите, деца на функционерите на ДУИ протестираат против своите родители

Од Влен велат  дека тие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ.

„Политички инструмент на партија што 20 години си тераше луксуз, функции, тендери и агалук, а сега се крие зад младите за преку мала врата да се врати на власт. 20 години ДУИ имаше министри, пратеници, претседател на Собрание, технички премиер, директори и апсолутна власт. А правосудниот испит на албански јазик не го средија никогаш, туку само оставаа пречки и кочници. Истите тие што молчеа сите овие години, сега ги пуштаат децата на своите функционери по протести. Прашањето е едноставно. Против кого протестираат? Против сопствените родители?“, прашаа од Влен.

Од партијата велат дека тоа е прочитана и провидна игра, осудена на пропаст уште од самиот почеток.
„Овој филм нема да им помине. Нема да дозволиме младите да се користат за политички агенди на ДУИ. Правосудниот испит на албански јазик, како и сите прашања што овие фотељаши ги оставија недовршени, ВЛЕН ќе ги реши одговорно. Времето на политичкиот агалук заврши. Студентите не се ничија сопственост, ниту спасувачки појас за очајните функционери на една распадната партија“, велат од Влен.
INFO MAK