Студените Албанци денеска пак на протест

Влен вчера соопшти дека „цела јавност веќе сфати дека некои ‘студенти’ влегоа во валканата игра на ДУИ која ги користат како алатка за да ги вратат во живот Бујар Османи, Блерим Беџети, Талат Џафери и другите ‘фотељаши’ од ДУИ, кои народот ги избрка на избори“. Од Влен велат дека го почитуваат протестот и барањето на студентите, но дека се против обидите на ДУИ да го инструментализира протестот и да го користи како покритие за сопственото 22-годишно фијаско.

За ДУИ неможноста правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик претставува дискриминација и нарушување на уставната еднаквост. Партијата тврдеше дека непостапувањето по ова прашање „директно ги подрива темелите на уставниот поредок и меѓуетничкиот соживот“.

За Влен директен виновник за оваа ситуација е поранешниот собраниски спикер Талат Џафери, кој, според партијата, во 2019 година со свој потпис го „запечатил исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит“.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека Владата работи на законско решение правосудниот испит да се полага на албански јазик, апелирајќи до студентите да бидат трпеливи и да не дозволат нивниот собир да биде политички инструментализиран.

 

INFO MAK