„Пелистерци“ минатиот викенд како гости го совладаа ТФТ во истата сала, но потоа ја пропуштија можноста на домашен терен да слават со 2-0 во оваа серија и да се закитат со бронзата. Тој триумф на ТФТ во Битола значеше и мајсторка во Скопје за утврдување на победникот во оваа серија, дуел за кој „зелено-белите“ се подготвуваат.
„ТФТ е ривал што го почитуваме, но исто така и ривал кого два пати го победивме во последните триесетина дена. За жал, не успеавме да ја завршиме работата претходниот дуел во Битола, но желбата останува иста – да се слави уште еднаш над овој ривал и да се стигне до третото место. Поседуваме и квалитет и искутво за такво нешто, сакаме со победа да ја заокружиме оваа сезона“, порачуваат кошаркарите на Пелистер.