Две деца, на возраст од 12 и 15 години, и двајца возрасни загинаа во судир меѓу воз и училишен автобус во Бугенхаут, северна Белгија.
Во автобусот се возеле седум деца, возач и уште еден возрасен во моментот на судирот, кој се случил кратко по 08:00 часот по локално време.
„Автобусот беше на пат кон училиште. Станува збор главно за деца од средно училиште“, изјави портпаролката на федералната полиција Ан Бергер.
Белгискиот министер за мобилност Жан-Лук Крук ги потврди извештаите дека бариерите на преминот биле спуштени кога се случила несреќата, објави Би-Би-Си.
Другите пет деца во автобусот се во критична, но стабилна состојба во болница, изјави портпаролката на јавниот обвинител за новинарите, додавајќи дека е покрената истрага за инцидентот. Таа рече дека возачот на минибусот возел по улица паралелна со железничката пруга, а потоа свртел лево на преминот додека бариерата веќе била спуштена.
Никој во возот не е повреден, иако едно лице е згрижено поради шок.