Променливо облачно и топло време со можни попладневни врнежи и грмежи се очекува денеска низ земјава, а во планинските региони локално ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и електрични празнења.
Според прогнозата, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека дневната температура ќе достигне меѓу 24 и 32 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека и во наредните денови ќе преовладува топло време со сончеви периоди, но во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава и на краткотрајно невреме.
…