Божиновска: Нема компромис со енергетската сигурност – со поддршка од Светска банка започнува подготовката на новата когенеративна централа во РЕК Битола

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка, со кој започнуваат подготвителните активности за реализација на проектот за когенеративната централа „РЕК Битола 1“.

На настанот освен потписниците – претставници на Светска банка и АД ЕСМ присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.

Обраќајќи се пред присутните, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска истакна дека денешното потпишување претставува значаен чекор во модернизацијата на македонскиот енергетски сектор и потврда за стратешката определба на државата за сигурна и одржлива енергетска иднина.

Таа нагласи дека Македонија активно го забрзува развојот на обновливите извори на енергија, но дека паралелно со тоа е неопходно да се обезбедат стабилни производствени капацитети кои ќе гарантираат сигурност во снабдувањето со електрична енергија.

Денешното потпишување на Договорот е јасна потврда дека Македонија има визија, има план и има партнери кои веруваат во нашата иднина. и постепено го намалува јаглеродниот отпечаток “, истакна Божиновска.

„Нашата визија е јасна – Македонија да стане земја која произведува повеќе домашна енергија и постепено го намалува јаглеродниот отпечаток, но без компромис со енергетската сигурност. Колку повеќе обновливи извори на енергија интегрираме во системот, толку повеќе ни се потребни стабилни и флексибилни базни капацитети кои ќе обезбедат сигурност во снабдувањето. Нашата цел е да изградиме модерен енергетски систем што ќе ги следи европските политики, а истовремено ќе гарантира сигурна и достапна енергија за граѓаните и стопанството“, нагласи министерката Божиновска.

INFO MAK