Србин возел над 180 километри на час на автопат, полицијата го уапсила и му го одземала поршето

Србин возел над 180 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, а полицијата му го одземала автомобилот и ги уапсила. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи
кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија.
„При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час. Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка“, велат од МВР.
INFO MAK