Вицепремиерот Сали на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз

Од Министерството за европски прашања соопштија дека присуството на министерот Сали на свеченоста претставува потврда за одличните билатерални односи и силното партнерство меѓу Македонија и Франција.

По тој повод, министерот Сали упати честитки до францускиот народ истакнувајќи дека 14 Јули е симбол на слободата, демократијата и европските вредности што ги поврзуваат двете пријателски земји.

Тој изрази благодарност за континуираната поддршка што Франција ѝ ја дава на земјата во процесот на европската интеграција, како и за силното политичко партнерство и билатералната соработка во области од заеднички интерес. 

INFO MAK