Мајката на Ејми Вајнхаус 15 години по нејзината смрт: „Беше жртва на сопствениот успех“

Петнаесет години по смртта на Ејми Вајнхаус, нејзината мајка Џенис изјави дека пејачката станала „жртва на сопствениот успех“ и дека славата никогаш не била нешто што го посакувала.

„Не го сакаше тоа, но славата едноставно ја следеше“, рече Џенис во интервју, додавајќи дека Ејми била несигурна и дека токму затоа алкохолот ѝ станал начин привремено да ја ублажи болката.

По смртта на пејачката во 2011 година, семејството ја основало Фондацијата „Ејми Вајнхаус“, која им помага на деца, млади и жени што се борат со зависности. Организацијата управува и со куќата за опоравување „Amy’s Place“ во Лондон.

Ејми Вајнхаус зад себе остави два студиски албума, „Frank“ и „Back to Black“, и освои вкупно шест награди „Греми“, со што останува една од највлијателните британски пејачки на својата генерација.

INFO MAK