На 97. собраниска седница пратениците ќе треба да се произнесат за предлогот за уставен судија да биде избрана судијката од Апелацискиот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска.
На дневен ред на 119 седница се двата предлог закони за заеми кај Светска банка.
Основно начело врз основа на кое се заснова предлог законот за изменување на Законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, е откажување на неискористениот дел од заемот во износ од 19,2 милиони евра. Оттука, како што се посочува во предлог-законот, Македонија и Светска банка ќе склучат амандман на Договорот за заем со кој е предвидено откажување на неискористениот дел од заемот во износ од 19,2 милиони евра.
Целта на предлог на законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за Програмската рамка за подобрување на јавните расходи, отчетноста и даночната администрација во Македонија е спроведување на реформи во областа на управувањето со јавните финансии, со цел модернизација на системите за буџетирање, сметководство, надзор на државната помош и администрирање на даноци во согласност со новиот Закон за буџет и Програмата за управувањето со јавните финансии 2025 – 2028 и Реформска програма на Управата за јавни приходи 2025 – 2028 година – „Транзиција во дигиталниот свет“. Вкупниот износ на заемот кој ќе го додели Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка изнесува 25 милиони евра со рок на отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон. Заемот ќе се отплаќа во 18 полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 15 јануари и 15 јули секоја година.
Пред пратениците е и предлог на одлуката за објавување јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.