На конференцијата, како што соопшти собраниската прес-служба, присуствуваа претставници на парламенти и влади, меѓународни организации, академици и верски лидери, кои дискутираа за улогата на муслиманските заедници на Запад, промовирањето на толеранцијата, меѓурелигискиот дијалог, заштитата на човековите права, борбата против говорот на омраза и градењето култура на мир.
Во своето обраќање, Гаши истакна дека Република Македонија претставува пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот, нагласувајќи дека различноста е богатство и важен темел за развој на демократско и инклузивно општество.
Тој порача дека борбата против секоја форма на дискриминација не претставува само заштита на една заедница, туку и заштита на човечкото достоинство, еднаквоста, слободата на совеста и почитувањето на различностите. Притоа ја нагласи улогата на парламентите и институциите во зајакнувањето на дијалогот, заштитата на основните права и промовирањето на културата на меѓусебно почитување.