„Во отворена и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните политички случувања во земјата и за значењето на зајакнувањето на демократските институции. Ја изразив мојата длабока благодарност за незаменливата улога на Соединетите Американски Држави како стратешки партнер на Република Македонија и како клучен придонесувач за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот. Американската поддршка беше одлучувачка за постигнувањето на Охридскиот рамковен договор и останува суштинска за зачувување на неговиот дух, унапредување на еднаквоста и зајакнување на општествената кохезија“, се наведува во објавата на Ахмети на Фејсбук.
На средбата, како што се посочува, било реафирмирано цврстото определување кон стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, целосната имплементација на Охридскиот рамковен договор и непоколебливата европска ориентација на државата.
„Континуираниот дијалог со нашите меѓународни партнери останува од суштинско значење за изградба на демократска, стабилна и инклузивна Република Македонија, во која сите граѓани уживаат еднакви права и еднакви можности“, се посочува во објавата на Ахмети.
Средбата на лидерот на ДУИ Ахмети и в.д амбасадорката на САД се одржала во седиштето на партијата во Тетово.