Ковачки: 10 прилепски бранители ја платија највисока цена

Денеска се навршуваат 25 години од најголемиот масакр врз припадници на безбедносните сили во 2001 година. На 8 август 2001 година кај Карпалак, во заседа, животот го загубија 10 прилепски бранители, објави пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

За својата татковина Македонија животот го дадоа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

-За многумина во нашата татковина тоа беше обичен августовски ден, но за овие момчиња тоа беше денот во кој ја одбраа Македонија. И ја платија највисоката цена. Нема поголем чин од подготвеноста да паднеш за татковината, семејството и вредностите што ги браниш. 25 години подоцна, се сеќаваме на нивната жртва. Жртва како потсетник дека слободата и државата се бранат, а не се предмет на пазарење. Вечна им слава на македонските бранители, се наведува во фејсбук објавата на Ковачки.

INFO MAK