ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и од исклучување, додека електро-енергетскиот систем да го заштити од преоптовареност.
Тоа се постигнува така што батерискиот систем овозможува произведената електрична енергија да се складира во моментот на нејзиното производство, а потоа да се користи за сопствени потреби во друг дел од денот или да се продаде по повисока цена кога пазарните услови се поповолни.
Батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ, на сопствените електрани и на електрани на клиенти, се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање