ВМРО-ДПМНЕ денес е најсилно од своето постоење и обединето како никогаш претходно, порача потпретседателот на партијата Александар Николоски по повод одбележувањето на 36 години од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.
Николоски во објава на социјалните мрежи порача дека ВМРО-ДПМНЕ, според него, е единствената политичка партија која од своето формирање имала јасна определба за самостојна Македонија.
Тој нагласи дека развојот на државата треба да се темели на конкретни проекти, економски политики и крупни инфраструктурни инвестиции кои директно ќе влијаат врз животниот стандард на граѓаните.
Осврнувајќи се на актуелната состојба во партијата, тој оцени дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е посилно и пообединето од кога било досега.
По повод 36-годишнината на прилепскиот Општински комитет, Николоски упати благодарност и до членовите и активистите на партијата за нивниот ангажман.
…