Јотова оваа изјава ја даде на местото Петрова Нива, каде што пучествувала на чествувањето на 123-годишнината од, како што се вели, Илинденско-преображенското востание.
„Денес во Република Северна Македонија се зборува за Бугарите, а историјата ни е заедничка. Што имаме да делиме?“, рекла претседателката.
Таа додала дека на јазикот на омразата треба да му се спротивстават и политичарите и општеството.
„Нема да се откажеме од вас и ќе ги браниме вашите права, правата на секој еден човек. Тоа не е политичка декларација. За мене тоа е вистинска почит на заветот на илинденците, кои знаеја дека само со единство можеме да имаме слобода, државност и слобода за секој човек“, рекла Јотова.
Бугарија бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав, услов што беше внесен и во Преговарачката рамка за пристапување на Македонија кон Европската Унија. Софија бара и заедничко толкување на личности и настани од историјата, особено од периодот пред и за време на Втората светска војна.
Есенва во Бугарија треба да се одржат претседателски избори, а според сите анкети Илијана Јотова е во најдобра позиција. Јотова ја презеде функцијата претседател на почетокот на годината, кога Румен Радев, сега премиер на Бугарија, поднесе оставка.