Движењето ЗНАМ кое е коалициски партнер во Владата вечерва соопшти дека во недела ќе даде поддршка на Стојанчо Радически, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница.
Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ, на кој присуствуваа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, потпретседателот Павле Арсоски, претседавачот на Централниот одбор Игор Филков, генералниот
секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како и кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски. На состанокот беше потврдена силната поддршка на Движење ЗНАМ за кандидатурата на Радичевски, соопшти ЗНАМ.