Не само што командуваше со одбраната на својот тим на тешкото гостување на Чаир, туку го постигна и победничкиот гол за Пелистер за победа од 1:0 над Шкупи и тоа кога гостите имаа играч помалку на терен. Ова се екстра големи три бода за битолчани со кои веројатно опстанокот е обезбеден. А за тоа најзаслужен е Александар Ристевски, стоперот на Пелистер кој во последно време игра во одлична форма.
Токму поради тоа според „СпортСпорт“, Александар Ристевски е играчот на 24.коло во ПМФЛ.
Покрај него во идеалниот тим на колото се и Џеков и М. Ѓорѓиевски (Силекс), Вареловски и Садик (Тиквеш), Матиќ и Маневски (Вардар), Незири и Селмани (Беса), Р. Рамадани (Шкендија), Осеи (Воска).
ИГРАЧ НА КОЛОТО