„Сметаме дека на овој начин најдобро можеме да покажеме колку ни е тешко и жалиме што се случи таква трагедија. Ова е уште една можност да го изразиме нашето длабоко сочувство во името на сите граѓани на градот Чачак во врска со трагедијата што ги погоди нашите пријатели од Северна Македонија“, рече Петковиќ во изјава за српски медиуми.
Тој додаде дека знамињата на Северна Македонија ќе останат на ЛЕД екраните и интерактивните тотеми до сабота.