Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за еден денар

Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапат за половина денар за еден литар, а дизелот за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Еуросупер БС-95  од утре ќе чини 74,5 денари, Еуросупер БС-98, 76,5 денари, а дизел горивото 72 денари за литар.

Регулаторната комисија одлучи малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство да не се менува и да остане 69,5 денари, а цената на мазутот М-1 НС да се намали за 0,486 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,427 денари.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%“, информираат од Регулаторната комисија.

INFO