Во Гостивар е отворена нова компанија „Дори Кер“, за нега на стари лица, која ќе имплементира скандинавски стандарди. „Дори Кер“ на пазарот нуди специјализирани услуги за домашна нега на стари лица, кои се целосно персонализирани според индивидуалните потреби на корисниците. Ќе нуди асистенција при исхрана, облекување и одржување на лична хигиена, па сè до грижа за
домаќинството преку услуги за чистење и перење.
Покрај физичката асистенција, компанијата обезбедува друштво, како и социјална и психолошка поткрепа за корисниците. Дополнителни услуги вклучуваат и помош при планирање на дневни и
рекреативни активности, со цел подобрување на квалитетот на животот на старите лица.
„Отворањето на „Дори Кер“ претставува продолжување на успешната економска соработка
помеѓу Шведска и Македонија, преку која ќе се имплементираат скандинавските стандарди за
квалитетна и достоинствена грижа за старите лица“, посочуваат од шведско-македонската стопанска комора.