ДИК: Болните, немоќните и затворениците во четири општини непречено гласаат за градоначалници

„Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 лица може да гласаат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и две лица може да гласаат за градоначалник на општина Центар Жупа“, соопшти Државната изборна комисија.

Со почеток во 7 часот во седум казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 94 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.

Гласањето започна утринава во 7 часот и досега се одвива непречено, без проблеми, велат од ДИК.

INFO