Според Андоновски, фокусот е јасен – европските стандарди дома, преку подобри јавни услуги, побрзи институции и транспарентни процеси.
„Саботата ја посветуваме на состанок за Реформската агенда. Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми и на напредокот на државата, иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки надвор од европската рамка. Фокусот е јасен: европските стандарди дома, преку подобри јавни услуги, побрзи институции и транспарентни процеси. Токму затоа силно ја туркаме агендата за дигитализација – интероперабилност меѓу институциите, современи е-услуги, електронски документи и дигитални решенија што го намалуваат бирократскиот товар и ги штедат времето и нервите на граѓаните и бизнисите. Ова не е формално усогласување, туку практична европеизација. Европските стандарди, квалитетните услуги и функционирањето на институциите се директно поврзани со критериумите на ЕУ за владеење на правото, конкурентност, јавна администрација и економска интеграција“, наведува министерот.