Пратениците денеска ќе ја почнат расправата за измените на Кривичниот законик

Целта на донесувањето на законските измени на Кривичниот законик е отстранување на слабостите во постојните одредби и постапување согласно Решение на Уставен суд од 12 февруари 2025 година.

Пред пратениците за расправа се Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, во прво читање, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување и на Законот за системот за проценка на лица со попреченост, предлогот на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, сите во прво читање.

Собранието ќе одлучува и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за полиција и на Законот за внатрешни работи, двата по скратена постапка.

The post Пратениците денеска ќе ја почнат расправата за измените на Кривичниот законик appeared first on МКД.МК.

INFO