Се покачија цените на билетите на Попова Шапка, сезонскиот билет не важи за ноќно скијање

Скијачката сезона 2025/26 на Попова Шапка започна со зголемување на цените на дневните и сезонските билети. Во меѓувреме, сезонскиот билет не покрива и ноќно  скијање, за што се жалат скијачите, а според раководството на ски центарот, за ноќно скијање потребни се дополнителни ангажмани и трошоци, пишува Порталб.мк.

Цените на дневните билети за скијање на Попова Шапка за оваа сезона се зголемија за 100 денари споредено со претходните три сезони.

На илустрацијата во продолжение детално е прикажано колку чинат билетите и колку чинеле одделно за секоја возрасна група.

Во меѓувреме најголемо зголемување во споредба со претходната сезона има кај сезонските билети за скијање.

Само кај возрасната група над 63 години има наламување на цената од две илјади денари. Од Ски центарот соопштија дека доколку нудат вкупно 25 дена скијање во текот на сезоната, тогаш годишните билети нема да важат за следната сезона.

На илустрацијата во продолжение можете да ги видите цените на сезонските билети за
претходната и за тековната сезона.

Илустрација: Порталб.мк

Зголемувањето на ценита не се прифати добро од страна на скијачите. Неколку од нив, со кои разговараше Порталб.мкизразија негодување што сезонските билети не важат за ноќно скијање.

„Цените на билетите се покачија, а сезонските билети не важат за ноќно скијање, мора да купите друг. Каде е логиката тогаш да купите сезонски билет, а потоа да плаќате дополнително за ноќно скијање“, Минатите години првиот ден беше бесплатен, оваа година плативме“, рече еден скијач.

„Минатите години првиот ден беше бесплатен, оваа година плативме. Според нив и минатата година сезонските билети не важеле за ноќно скијање, но биле направени исклучоци. Ако тврдат дека не важи за ноќно скијање, не не предупредиле при купувањето, оваа информација излезе откако беа продадени билетите. Можеа да кажат, на пример, дека ако платите 50 евра повеќе билетот ќе важи и за ноќно скијање“, рече друг скијач.

За овие прашања разговаравме со директорот на ски центарот „Попова Шапка“, Абдулгани Алији. Тој вели дека цените се зголемиле за 100 денари, а зголемување на цените немало повеќе од 5 години.

„Сепак, ски лифтовите работат на електрична енергија, а цената на електричната енергија се зголемува секоја година, и поради оваа причина имаме надзорен орган кој ги разгледува сите средства на компанијата и заедно носи одлуки“, рече Алији.

Во врска со тоа зошто сезонскиот билет не важи за ноќно скијање, Алији рече дека за ноќното скијање потребни се дополнителни ангажмани и трошоци.

„Сезонскиот билет не важи бидејќи ние како раководство за организирање на ноќното скијање имаме дополнителен распоред и за работниците и за струјата, и организација при што сите ставки се плаќаат двојно повеќе. Ниеден ски центар нема ноќно скијање со сезонска карта, сите наплаќаат дополнително. И со цените ние сме најевтини во целиот регион“, рече Алији.

Поради силните ветрови денес ски-лифтот „шестосед“, ски-лифтот „двосед“ и жичарницата (Церипашина) нема да бидат во функција.

„Штом се стабилизираат временските услови тие ќе бидат повторно пуштени во употреба“, информираа од ски центарот.

Новата скијачка сезона на Попова Шапка започна вчера без никаква посебна организација за отворање како што се правеше во претходните години.

Претходната скијачка сезона започна на 13 декември 2024 година и заврши на 12 март 2025 година. Попова Шапка, иако е меѓу најдобрите зимски дестинации на Балканот и пошироко, со години е запоставена без инвестиции.

Меѓу најголемите проблеми се урбанистичкиот хаос, недостатокот на паркинг места, лошото управување со отпадот, дивоградбите и многу други. И покрај фактот што властите со години најавуваат странски инвестиции вредни милиони, сè уште нема нкаков договор и ништо конкретно на терен.

Пишува: Фисник Џелили 

INFO