Иванов: Слободата не е трајно освоена придобивка, туку одговорност која бара постојана грижа

Во рамките на посетата претседателот Иванов остварил средба со Нус Гани, заменик-претседател на долниот дом на Обединетото Кралство.

Иванов се обратил на сесијата „Културна дипломатија во современите меѓународни односи“, при што се осврнал на историското значење на 1776 година како година на раѓање на политичката и економската слобода преку декларацијата за независност и делото „Богатството на народите“ на Адам Смит. Тој истакнал дека слободата не е трајно освоена придобивка, туку одговорност која бара постојана грижа, институционална доверба и активна вклученост на граѓаните.

Економската слобода, нагласи Иванов, мора да биде праведна и одржлива, насочена кон подобрување на животот на луѓето, а не кон продлабочување на нееднаквостите. Во таа насока, тој посочи дека моралната и културната димензија на слободата се неопходни за зачувување на човечкото достоинство, при што културната дипломатија има незаменлива улога во градењето дијалог, доверба и меѓусебно разбирање во време на глобални поделби. Според него, токму преку културата, малите и средните држави, како Република Македонија, може да ја засилат својата меѓународна видливост, да ја раскажат сопствената приказна и да обезбедат почит во меѓународната заедница.

Во рамките на форумот Иванов учествувал и на сесијата „Финансии, отпорност и лидерство во управувањето со современите економии“.

На настанот учествувале многубројни истакнати меѓународни претставници и членови на двата дома на Парламенот на Обединетот Кралство, меѓу кои: Мигел Анхел Моратинос, заменик-генерален секретар на Обединетите нации и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН (УНАОК); Баронесата Манзила Удин, членка на Домот на лордовите на Обединетото Кралство; Ирина Бокова, поранешен генерален директор на УНЕСКО; сенаторката Шери Рехман, поранешна министерка за климатски промени на Пакистан; Нихал Саад, директор на УНАОК; Ив Летерм, поранешен премиер на Белгија; Томас Хендрик Илвес, поранешен претседател на Естонија; Алфред Гузенбауер, поранешен канцелар на Австрија; Хасан Дијаб, поранешен премиер на Либан; Мохамад Штаје, поранешен премиер на Палестина; Наталија Гаврилица, поранешна премиерка на Молдавија; и Младен Иваниќ, поранешен претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина. 

INFO