Годинава Мартин Гоџо го извади крстот од водите на Охридско Езеро по трет пат

Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што денеска, на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.

Оваа година првпат водите на Охридското Езеро ги освети и во нив Чесниот крст го положи новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј. На манифестацијата меѓу многубројни верници присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Традиционално, фаќачот на крстот денеска ќе ги посетат домовите на охриѓани честитајќи им го големиот празник Богојавление – Водици.

Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Претходно, во Охрид централната богослужба се одржа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско. Богослужби имаше и во црквите „Св. Никола- Геракомија“ од каде и потекнува и оваа традиција, „Св. Никола“ во Долна Влашка Мала и „Св. Ѓорѓија“ во Горна Влашка Мала. Во 9:45 часот литиите од сите цркви тргнаа кон Градското пристаниште каде што кусо по 10 часот се одржи голем Богојавленски водосвет и се положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

INFO