Европа во голема мера се потпира на американскиот течен природен гас (LNG), откако се откажа од испораките преку руските гасоводи поради војната во Украина. Цените на гасот во Европа денеска на берзата TTF во Амстердам пораснаа за шест отсто, достигнувајќи 42,4 евра за мегават-час, што е највисоко ниво од март 2025 година.
Растот на цените следуваше по падот на испораките на течен природен гас (LNG) од САД, откако зимските бури го нарушија производството и го намалија дотокот на гас кон американските извозни терминали, во момент кога Европа се подготвува за нов бран на заладување, пренесува „Трејдинг економикс“.
Европа во голема мера се потпира на американскиот LNG откако се откажа од испораките преку руските гасоводи поради војната во Украина, поради што ЕУ сега е поранлива на нарушувања во снабдувањето од САД. Нивото на пополнетост на европските складишта за гас падна на 45,6 отсто, во споредба со 56,5 отсто пред една година. Посебно ниски резерви се забележани во Германија (37,5 отсто), Франција (36,4 отсто) и Холандија (31,1 отсто), пренесува „Танјуг“.
Цените на природниот гас во САД денеска пораснаа на највисоко ниво од крајот на 2022 година, откако огромна зимска бура ја зафати земјата и ја зголеми побарувачката за енергенси.
Повеќе од 822.000 американски потрошувачи останаа без електрична енергија, а вчера поради невремето беа откажани повеќе од 12.500 летови, пренесува „Си-Ен-Би-Си“.