Муцунски во работна посета на Франција

Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата држава, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања.
Предвидена е и средба со Жером Филипини, директор на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), при што ќе биде потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Националниот институт за јавни служби на Француската Република, соопшти МНР.
INFO