Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го гледаше во живо финалето од плејофот за Светското првенство меѓу Босна и Херцеговина и Италија.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина се квалификуваше на Светското првенство по вторпат во историјата, откако ја победи фаворизираната Италија на Билина Поље во Зеница по изведувањето на пенали.
Пристигнувањето на Новак на стадионот привлече огромно внимание, а Србинот доби огромни овации, а интересно беше да се види и неговата реакција по решавачкиот гол на Есмир Барјатаревиќ.