Поп-ѕвездата Тејлор Свифт наскоро ќе се омажи за ѕвездата на НФЛ, Тревис Келси, а за свадбата на овој познат пар се шпекулира со месеци. Приказната за венчаницата на најпопуларната пејачка на денешницата исто така се појави во преден план, а се шпекулира дека таа ќе избере фустан инспириран од познатата Елизабет Тејлор.
View this post on Instagram
На Тејлор Свифт особено ѝ се допаѓа стилот што легендарната холивудска актерка го носеше на својата прва свадба, во 1950 година. Венчаницата беше со класичен крој, го нагласуваше струкот и имаше детали од чипка, а подоцна стана еден од иконските фустани.
Тејлор дури има и хит посветен на Елизабет Тејлор на својот последен албум, а наводно развила интерес за стилот на актерската дива додека работела на песната.
Како што пишуваат медиумите, речиси сè е подготвено за свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси. Тие ќе си го кажат судбоносното „Да“ еден на друг на 3 јули годинава во Њујорк, а поканите веќе се испратени.
Бидејќи пејачката е многу блиска со Селена Гомез и Џиџи Хадид, тие се вклучени и во организацијата, па ќе подготват посебни делови за раскошната церемонија, како што е видео за љубовна приказна што го следи познатиот пар, како и посебна забавна програма за гостите.
View this post on Instagram
Несомнено е дека ова ќе биде една од свадбите што ќе ја одбележат оваа година, ако не и број еден на топ листата.