Кејт Хадсон уште еднаш докажа дека е дама со стил и вкус, а дека елегантните модни парчиња се нејзин заштитен знак.
View this post on Instagram
Позната по својот беспрекорен стил, Кејт Хадсон уште еднаш докажа дека секоја нејзина комбинација на облека е добро осмислен моден потег.
View this post on Instagram
Имено, актерката неодамна присуствуваше на премиерата на втората сезона од серијата „Running Point“ во Лос Анџелес, а за таа пригода избра фустан кој зрачи со чиста елеганција.
View this post on Instagram
Станува збор за асиметричен фустан кој ги комбинира гламурот и минимализмот, и ја нагласува нејзината витка фигура. Овој макси фустан во бела боја се карактеризира и со минимални детали, односно единствениот забележлив детаљ беше црната јака.
View this post on Instagram
Кејт го надополни својот едноставен аутфит со шминка во земјени тонови, а косата ја фати во пунџа која ја истакнуваше нејзината природна убавина.