Натали Портман повторно бремена: очекува дете со партнерот Тангуј

Актерката Натали Портман (44) е бремена и го очекува своето трето дете, прво со партнерот Тангуј Дестабл. Среќната вест ја споделила во интервју за магазинот Harper’s Bazaar.

„Тангуј и јас сме неизмерно возбудени… исклучително сум благодарна“, изјавила таа.

Веста доаѓа една година по разводот со поранешниот сопруг Бенжамен Милпје, со кого има две деца.

Портман и нејзиниот партнер се во врска од минатата година, а актерката и понатаму ја чува приватноста на своето семејство, иако истакнува дека децата ѝ се најголема инспирација и извор на радост.

INFO