Некои од дигиталните услуги на uslugi.gov.mk привремено недостапни

Поради тековни технички интервенции и активности за надградба на системската инфраструктура, дел од услугите на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во моментов се недостапни за корисниците, информира Министерството за дигитална трансформација.

Од институцијата посочуваат дека станува збор за планирани технички зафати, при што надлежните екипи интензивно работат на отстранување на пречките и стабилизирање на системот, со цел порталот во целост да се врати во функција во најкраток можен рок.

Министерството најавува дека јавноста ќе биде навремено известена штом сите електронски услуги повторно станат целосно достапни и системот биде стабилизиран и упатуваат благодарност до граѓаните за разбирањето и трпението додека траат активностите за обновување на нормалното функционирање на порталот.

INFO MAK