По повод 3 мај, светскиот ден на слободата на медиумите, Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги охрабрува сите професионални медиуми да продолжат по патот на вистината.
– Со децении сведоци сме на насилство, притисоци, закани, уцени од СДСМ, која со своите инсталации во правосудниот систем спроведува политички прогон кон сите професионални и независни медиуми.
Годината помеѓу двата Светски дена на слободата на медиумите, новинарите и медиумските работници во Македонија ќе ја паметат по рекордниот број закани, навреди и притисоци врз колеги, од кои речиси сите останаа неказнети.
Во 2025 година, МАН регистрираше 142 случаи на закани врз новинари, 80 повеќе од претходната година.
Особено сме загрижени од трендот на напади врз новинари и медиумски работници кои известуваа од терен, најчесто на настани организирани од опозициски партии.
Особено загрижувачки е фактот што голем број од овие напади се случија јавно, пред очите на обвинителството, кое не реагираше. Напротив, обвинителството ги загрозува новинарите и медиумските работници со неспроведување на законите.
Загрозената безбедност, таргетирањето, обвинителската репресија и невозможноста за работа се исто така реалност за медиумската заедница во Македонија.