Ќе биде пеколно – распродаден стадионот на Фенербахче за дуелот на Македонија!

Капацитет од 50.530 седишта има стадионот „Шукру Сарачоглу“, и истиот ќе биде исполнет до последното место на утрешниот пријателски меч на Турција со Македонија. Во азискиот дел на Истанбул во домот на Фенербахче домашните фанови ќе се соберат за да им посакаат добредојде на своиоте фудбалери кои по дуелот со нашиот национален тим заминуваат на Мундијалот.

Со денови низ Истанбул нема влезници, а од турската федерација известуваат дека билетите „пламнале“ за неколку дена со оглед на големиот интерес и фудбалска треска која владее во оваа земја. Нешто слично ја очекува Македонија и утре како и во петокот во Сараево каде одигравме 0:0 со Босна и Херцеговина.

Низ медиумите кај нашиот утрешен противник можеше и да се прочита веста дека околу 30.000 фанови кои пробале да стигнат до билети останале со празни раце затоа што најбрзите 50.000 навивачи стигнале до посакуваниот тикет за пријателскиот меч.

INFO MAK