Одлична вест: Вардар и официјално после четири години се враќа во Лигата на шампиони

ЕХФ денеска и официјално го објави списокот на учесници за следната сезона во Лигата на шампиони. Македонија повторно ќе има свој претставник, овој пат тоа е Вардар, кој доби вајлд-карта за да биде дел од елитното европско клупско натпреварување.

Вардар е двократен европски првак, првата титула ја освои во 2017 година, а додека втората во 2019 година. Има три учества на фајнл-фор завршницата.

Последен пат Вардар играше во елитното натпреварување во сезоната 2021/22, ја мина групната фаза и беше елиминиран од Веспрем во плеј-офот.

Лигата на шампиони од следната сезона ќе брои 24 тима, кои ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи, ќе се игра двокружен систен. Првопласираните и второпласираните од секоја група ќе продолжат понатаму, додека последните две ќе играаат во Европската лига.

INFO MAK