Еди Рама за учеството на македонски граѓани во Фламинго-револуцијата: Политички карвани

„Албанците од Северна Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците од Косово, кои имаат своја независна држава“, напиша Рама во објава на социјалните мрежи.

Во Албанија веќе 22 дена се одржуваат протести, наречени Фламинго-револуција, против проектот за изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со комапнија на Џаред Кушнер, зетот на претседателот на САД Доналд Трамп. Освен во Албанија, демонстрации на албанската дијаспора се одржаа и во САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Шведска и Австралија.

Учесниците во протестот бараат прекин на проектот, укинување на законот за стратешки инвестиции и измени на регулативите за заштитените подрачја, како и оставка на премиерот Рама.
INFO MAK