„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л.

Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува дека неговиот тим заслужуваше повеќе.

„Не сум сигурен дека ВАР сè уште функционира на ова Светско првенство. Дали воопшто е активен? Имам сериозни сомнежи бидејќи на Гана не му беше досуден јасен пенал против Англија“, изјави искусниот експерт на прес-конференција.

Тој беше особено огорчен поради ситуацијата на крајот од натпреварот, кога веруваше дека Принс Аду беше фаулиран за најстрогата казна.

INFO MAK