MACEDONIAN OPEN: Ден за финале – ден за поддршка на Калин Ивановски

Од годинашново издание на Macedonian Open 2026 остана да се одигра уште финалниот меч во сингл конкуренција. На големо задоволство на македонскиот спорт, македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе биде актер на финалниот меч, а поддршката од трибините ќе му биде од голема помош во мечот со искусниот Владислав Орлов од Украина.

За Ивановски ова е вкупно 11. то финале во кариерата (поради повреда имаше пауза од речиси една година отсуство од настап на турнирите), а оваа година има извонреден учинок и има 12 победи на 13 мечеви (го загуби финалето на турнирот во Загреб минатата недела). Калин Ивановски има и пет турнирски победи (последната во јули 2023 во австриски Крамсах), но повредите од крајот на 2023 година имаа големо влијание на неговите настапи.

Ивановски годинава го игра второто финале, по Загреб, а имаше и исклучителен настап на мечевите од Дејвис купот на почетокот на месев јуни, каде оствари четири победи на четири меча.

Противник на Ивановски во денешното финале ќе му биде Владислав Орлов, искусен играч – 31. година, кој има освоено 10 турнири (сите од рангот на ИТФ М25 и М15). Орлов оваа има одиграно 37 мечеви и 20 победи на 17 турнири и еден меч за Дејвис куп репрезентацијата на Украина, а финалето во Скопје му е најдобар резултат годинава. И Орлов се наоѓа во добра форма од почетокот на јуни има 11 победи од 14 мечеви на четири турнири.

INFO MAK