Месечен преглед на Македонската берза: промет од 1,52 милијарди денари, најголем промет со акциите на Македонијатурист

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во текот на јуни 2026 година, на Македонската берза беше реализиран вкупен промет од 1.525.152.507 денари, преку 1.457 трансакции. Индексот МБИ10 го заврши месецот на ниво од 9.521,52 поени, што претставува месечен пад од 2,50%, додека индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, со месечен раст од 0,60%.

Од вкупниот промет, 378.700.724 денари беа реализирани преку класично тргување, додека 1.146.451.783 денари беа реализирани преку блок-трансакции. Во структурата на прометот, блок-трансакциите учествуваа со 75,17%, официјалниот пазар со 24,52%, а редовниот пазар со 0,31%. Пазарната капитализација на акциите на крајот на месецот изнесуваше 338.298.061.816 денари, што претставува намалување од 2,68% во однос на претходниот месец.

Ликвидноста во јуни беше најизразена кај акциите на Македонијатурист Скопје, пред сè како резултат на големите блок-трансакции реализирани во текот на месецот. Во класичното тргување, најголем промет на официјалниот пазар беше остварен со акциите на Македонски Телеком Скопје, Комерцијална банка Скопје и Алкалоид Скопје.

Топ добитници

· Аутомакедонија Скопје +10,58%
· РЖ Економика Скопје +5,88%
· ТТК Банка АД Скопје +0,78%

INFO MAK