По сугестија на амбасадорите, во кабинетот на Али Ахмети конечно е поставено македонското знаме

Македонското знаме беше снимено за време на средбата на Ахмети со австрискиот амбасадор, Мартин Памер.

Во изјава за порталот на албански јазик Тетова сот Ахмети вели дека отсекогаш бил за унитарна држава и дека државното знаме го поставил во канцеларијата по сугестија на амбасадорите. „На средбите со нив ми беше предложено знамето на државата Северна Македонија да биде поставено во мојата канцеларија“, изјави Ахмети.

Тој додал дека поставувањето на државното знаме е во согласност со верувањето дека државата им припаѓа на сите граѓани и дека државните симболи мора да се почитуваат.

INFO MAK