Муцунски: Бујар Османи е последниот што има право да држи лекции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со остра реакција до поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи.

Муцунски порача дека Османи е последниот кој има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не, бидејќи, како што вели, многу добро знае што преговарал, што прифаќал и во каква позиција ја остави државата.

Во реакцијата, министерот се осврнува и на политичкиот легитимитет на Османи по локалните избори.

Муцунски потенцира дека позицијата на Владата е јасна и непроменета од првиот ден и дека обвинувањата за попуштање не се оствариле.

INFO MAK