Андоновска: Додека СДСМ си ја “ишка мувата”, остануваме посветени на здравствените предизвици

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека „со години институциите (лабораториите) пријавувале неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови“.

„СДС молчел, се криело од јавноста и граѓаните, иако граѓаните трпеле здравствени последици. Никој не знаел кој е причинителот на здравствените проблеми, бидејќи на СДС не било приоритет здравството и грижата за населението, туку приоритет им било ‘лоповлук’ и лично богатење. Знаел и Венко(МЗ), знаела и Рената( ДСЗИ), знаел и тогашниот директор на АХВ, сите знаеле! Добивале писмени известувања од Центрите за јавно здравје, ИЈЗ, приватни акредитирани лабаратории за испитување квалитет.  Сите овие известувања кои ги добивале и молчеле, ќе бидат доставени до јавноста и до обвинителството. Не смее да е исто и не е исто!  Сите надлежни институции, вклучително и здравствените имаа соодветен одговор и дено-ноќно работат за граѓаните на Госивар добијат квалитетна вода, а воедно се достапни за доставување на информации и документација која ќе биде побарана“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го повикаа претседателот на СДСМц Венко Филипче во судница и јавно пред сите медиуми, да разговараат и да ги извадат „фактите и аргументите и за Гостивар, и за прочистителната станица во Гостивар која не била ставена во функција и за известувањата за неисправна вода во повеќе градови за која СДСМ молчела и за ограбените и распаднати здравствени институции кои си ги оставила, за модуларната болница, за ковидот, за 10 тони опасен хемиски отпад кој можел да направи голема хаварија во сред Клиничкиот центар.

„Да зборуваме и за лабараторијата од трет степен на безбедност, која си ја отворал во ИЈЗ за која има странска донација, а не проработела ни минута затоа што не е довршена, тоа што е направено е во голем дел погрешно изведено, а фирмата изведувач веќе не постои….а си знаел, во иста зграда си бил…Ајде Венко имаме уште многу што да разговаравме, каков ‘пепел’ оставивте и што се превземаме за да ги вратиме институциите во кондиција! Верувам во професионалноста на обвинителството и верувам дека секој ќе си го добие местото кое го заслужува согласно законот и прописите.  Додека СДС си ја ‘ишка мувата’ за нивната одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности“, изјави Андоновска.

INFO MAK